Димитриевски: Почнавме со реконструкција на тоалетите во ООУ „Вук Караџиќ“, го враќаме сјајот на училиштата во Куманово

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска информираше дека започната е реконструкцијата на тоалетите во ООУ „Вук Караџиќ“, а проектот вклучува и нова влезна врата на училишниот двор.

„Започнавме со реконструкција на тоалетите во основното општинско училиште „Вук Караџиќ“, а во иднина се планира поставување на нова енергетско ефикасна фасада на целиот училишен објект. Во изминатиот период во оваа училиште се реализирани повеќе проекти. Изградено е ново мултиспорт игралиште со тартан подлога, голови, кошеви и трибини во училишниот двор. Заменети беа сите прозорци со нови енергетско ефикасни ПВЦ прозорци на целиот училишен објект и целосно беше реконструиран кровот на училиштето. Го враќаме сјајот на училиштата во Куманово, за подобри услови на идните генерации“, рече Димитриевски.