Димитриевски: По скоро 30 години отпочната е изработка на нов генерален урбанистички план во Куманово

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во емисијата „Македонија наутро“ на МРТ информираше дека по скоро 30 години отпочната е изработка на нов генерален урбанистички план, кој треба да биде завршен за две години.

Loading...

„Планот е да го завршиме некаде за 2 години и дополнително да ги донесеме сите нови урбанистички планови кои ќе имаат за цел метежот од градот да го изнесат надвор“, рече Димитриевски. Тој потенцираше дека Куманово е една од ретките општини која има стратегија за урбана мобилност и во континуитет се држи по таа програма и се прават инвестиции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пуштена во употреба пругата Куманово – Бељаковце (ФОТО)

Во однос на проектите, Димитриевски изјави дека се гради на двата главни булевари, а тоа е булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ и Октомвриска револуција, на најголемата крстосница се гради кружен ток, како и на локацијата Серава, на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“.

„Исто така, дополнително вложуваме во нови зелени површини. После децении инвестираме во целосна реконструкција на најстариот и најголемиот градски парк во градот којшто сакаме да го трансформираме во современ, модерен и смарт парк во градот. И тоа што е многу важно за секој Кумановец, конечно по дваесет и нешто години успеавме да ја вратиме во сопственост на општината кумановската спортска сала која почнавме од минатата година фазно да инвестираме во неа. Во изминатиот период одевме по еден план на пошумување на зелени површини во градот со нови садници. Вообичаено, во пролет и во есен го правиме тоа со различни акции. Некаде околу 15 илјади во овие изминати години имаме засадено на различни места. Минатата година реконструиравме дел од паркот на локација спомен Костурница, кадешто изградивме и комплетно спортски центар со современи спортски игралишта. Оваа година работиме на најголемиот градски парк, негова целосна реконструкција, а веќе следната година ќе го ставиме и Соколанскиот парк. Верувам дека до 2024 година ќе успееме да работиме и на ново планираниот парк на локалитет Проевце“, истакна Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово распиша повик за субвенционирање на трошоци за домување (ВИДЕО)

Во емисијата, градоначалникот Димитриевски истакна дека и Куманово е една од ретките општини во државата што има фабрика за пречистување на
отпадни води.