Димитриевски: Паркингот пред Градските базени нема да се наплаќа, туку ќе се преуреди

Сподели со своите пријатели

Паркинг просторот пред Градскиот базен во Куманово нема да се наплаќа, рече градоначалникот Максим Димитриевски на денешната прес конференција, свикана по повод, како што рече шпекулации од страна на опозицијата за да се стави црна дамка на локалната власт.

Loading...

Ниту е планирано, ниту ќе биде предмет на наплата паркингот на тој простор, рече Димитриевски.

– Доколку се донесе таквата одлука треба да биде донесена на Советот на Општина Куманово, од моја страна нема таква иницијатива, а општината планира да го врати стариот сјај на таа локација, со реконструкција на сите постоечки објекти кои се вратени на владение на општината со одлука на владата. На оваа локацијата општината планира да ги врати старите кошакарски терени, но притоа и да се изведе одредени рампи за да ги спречи сите оние кои го кршат законот да ги паркираат своите тешки товарни возила на оваа локација, изјави Димитриевски.

Дел од паркинг просторот, како што појасни првиот човек на Општина Куманово, ќе се користи за слободно паркирање, а дополнителен дел во функција на развој на спортот за спортските терени кои ќе завршат со дислокација на лизгалиштето кое е поставено на истата локација.

– Ќе бидат изградени повторно кошаркарски терени како што беа во минатото некогаш, а по потреба на спортските објекти дополнително ќе се стават во функција во попладневните часови бесплатно да се користат и да се паркираат возила на таа локација кога се одвиваат одредени спортски натпревари. Со ова сакам да ставам крај на сите шпекулации на сето она што во јавноста се пушти како шпекулација, пред да се побара изјава од моја страна или официјален претставник од општината, рече Димитриевски.

Градот, како што вели градоначалникот, има сериозни проблеми со сообраќајот и инфраструктура градена за период од 80те години, а денеска има повеќе од 27.000 возила, мал број на паркинг места, слаба и лошо развиена сообраќајна инфраструктура, поради што доаѓа и до одредени непопуларни мерки.

Loading...

– Таква е постапката за дислокација на монтажните објекти на улицата „11 Октомври“ над градската џамија, кои во иднина планираме да ги дислоцираме, и да го отвориме кракот на улицата „11 Ноември“, со што ќе направиме подобра конекција на граѓаните со централното градско подарчје, а воедно и ќе растеретиме дел од сообраќајот на оваа многу прометна, но за жал тесна сообраќајница од прва категорија во градот. На истата сообраќајница е планирано да се бајпасира самата улицата „11 Октомври“ со директен пристап до улицата „11 Ноември“ и по целата нејзина должина да се вцрта времено паркирање за возилата со што ќе се воведе втора зона на паркирање, а паралено со тоа ќе го ставиме во употреба и новоизградениот паркинг простор пред административната зграда на МВР во Куманово, а тоа е поранешниот дом на АРМ, со што ќе дадеме можност на граѓаните кои живеат таму, а немаат паркинг простор, да можат по повластена цена да ги користат за паркирање, како и граѓаните кои доаѓаат во административната зграда на МВР, појаснува градоначалникот.

Паркинг просторот зад ЦК банка дава можност да се размислува дека на тој начин може позитивно да се решава овој проблем, вели Димитриевски.

Од граѓаните, првиот човек на општината, добил бројни поплаки дека на булеварот „Октомвриска револуција“ паркинг просторот околу зградите е узурпиран од поединци, кои целодневно ги паркираат возилата тука, а некои се користат и како своевиден автопазар.

– Апелирам до граѓаните од овој дел на градот да се обратат до јавното претпријатие за паркинг услуги во градот, со што ЈП „Куманово паркинг“ќе може да го организира, доколку тие се согласуваат, начинот на паркирање во овој дел од градот. Ние ќе се посветиме во делот на ширење на паркинг капацитетите, и со првиот ребаланс на Буџетот во месец август, а воедно ќе ја прошириме и годишната програма, ќе ставиме во програмата изградба на нова монтажна катна гаража на локалитетот Серава и ќе пристапиме на поставување на столпчиња на булеварот „Трета МУБ“, појасни тој.

Како градоначалник тоа не можам да го сторам сам, вели Димитриевски, кој апелира сите граѓани да се однесуваат совесно.

Апел, упати и до полицијата да се грижи повеќе и да постапува при извршување на прекршочни дела од страна на учесниците во сообраќајот.

Loading...

– Свесни сме дека доколку имаме позасилена сообраќајна контрола, прекршоците се помали и гледаме пример од градскиот пазар, отсуството на МВР во последните десетина дена се чувствува и граѓаните доаѓаат со реакција дека најголем дел од тротоарите таму се зафатени. Ако имате присуство на сообраќајна патрола, тоа не се случува. Сметам дека државата и општина Куманово има доволен број луѓе кои што го регулираат сообраќајот од полицијата и може да се посветат во делот на олеснување на секојдневното живеење во нашиот град, рече градоначалникот Димитриевски.

Димитриевски уште еднаш повика сите да се придржуваат до сообраќајните правила во градот и да се развие силна сообраќајна култура.

Никола Ивановски

Leave a Reply