„Ќе изгуби СДСМ, а нема да победи ВМРО-ДПМНЕ“ ова е пораката што вечерва ја испрати Максим Димитриевски кој беше потврден како кандидат за претседател на партијата движење ЗНАМ – За наша Македонија.
Како што рече Димитриевски, ова ќе биде репрзира на локалните избори од Куманово.
– Првенствено видлива е енергијата од граѓаните и поддршката која ја имаме, бидејќи без граѓаните нема успех. Тоа што го направивме на локално ниво ќе го пресликаме на централно. Ќе побараме поддршка од граѓаните, ќе обезбедиме доволна поддршка на потписи за кандидатурата, ќе излеземе со квалитетни кандидати на кандидатските листи за пратеници и ќе ја бараме поддршката како и сите останати, изјави Димитриевски.
Како што рече, Македонија е свесна и бара промени, а ЗНАМ ќе го понуди тоа.
– Мислам дека Македонија веќе е свесна и бара промени. Не промени од актуелната власт, туку промени од минатото и бара нови алтернативи и ЗНАМ тоа го нуди. Вечерва тоа го покажува и потврдува и ќе продолжакм на тој начин да ја барам поддршката од граѓаните, а конечно е нивното. Дали е дојден моментот во Македонија за такво нешто? Да! Секојдневно слушаме дека во Македонија се гласа против, а не за. Денеска граѓаните ќе имаат можност и опција да ја поддржат ЗНАМ како нова и најбрзорастечка политичка сила во историјата на македонскиот плурализам, мислам дека ќе направиме суштински промени на политичката сцена, рече тој.
Димитриевски упати и порака до противниците, откако заврши првиот конктрес на партијата ЗНАМ.
– Овие избори СДСМ ќе изгуби, ВМРО – ДПМНЕ нема да победи, рече тој.
Никола Ивановски