Движењето ЗНАМ – За наша Македонија отвори три изборни штабови во Куманово. Настаните започнаа во населбата Јане Сандански (Бабин Дол), а продолжија во 3-та МУБ и во месната заедница Тоде Мендол.
„Куманово има континуитет, Куманово има визија, Куманово продолжува да оди напред“, беше пораката што ја испрати градоначалникот Максим Димитриевски.
Тој нагласи дека движењето излегло од граѓаните и работи единствено за нив, додека граѓанскиот концепт, како што рече, ги обединува сите.
„Нашиот концепт за Куманово не се темели на фантазија, туку создава дела и има реална визија за градот“, беше дел од обраќањето.
Денот заврши во изборниот штаб во Тоде Мендол, каде Димитриевски истакна дека, иако просторите се мали, поддршката е голема и енергијата се чувствува насекаде.
Никола Ивановски