Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски за „Утрински брифинг“ информираше дека општината е извадена од финансиска дубиоза и во моментов нема никакви долгови и обврски према никого.
„Должиме 0 денари, а побаруваме средства и дополнително реализираме сериозни инфраструктурни проекти. Тоа е наша обврска како менаџери на градот. Ова дождливо време малку ни ги поремети односите, бидејќи веќе почнавме со изградба на инфраструктура во руралните средини и планираме штом ќе даде можност времето да продолжиме. Успеавме да направиме многу и за градот и за општината.“, рече Димитриевски.
Тој истакна дека во месец октомври на давањето отчет за три годишното работење има амбиции за нов мандат, бидејќи програмата е концепирана на две, четири и осум годишни проекти. Но, граѓаните се тие кои го даваат мандатот.
Димитриевски посочи дека политизацијата во општеството е огромен проблем и имаме огромна поделба помеѓу граѓаните. Истата мора малку да спласне, а ќе добие повеќе кај граѓаните и на сила и на значење.