Димитриевски од Битола ги повика граѓаните да се придружат во борбата за менување на владеачката структура

Сподели со своите пријатели

Караванот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по Охрид и Ресен, беше и во Битола. Претседателот на Движењето ЗНАМ За наша Македонија, Максим Димитриевски, носителката на листата за кандидати за пратеници во ИЕ, Весна Бендевска, како и другите кандидати имаа повеќе средби со граѓаните.

Loading...

Во изјавата за медиумите во Битола, Димитриевски рече дека ЗНАМ се формирал како политички субјект заедно со граѓаните и се афирмира како нова политичка сила во Македонија.

„Нашата цел е да работиме согласно програмските определби, од граѓаните, заедно со граѓаните и за граѓаните“, рече тој и упати порака до сите чесни социјалдемократи дека вратата на ЗНАМ е отворена за нив.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АНАЛИЗА: Што го стопи ќарот на трговците во услови на рекордни приходи од 1,1 милијарда евра?

 

 

„Ги повикувам заедно да работиме на менување на оваа владеачка структура којашто се однароди, не само од сопственото членство, туку и од народот. Истите тие кои се претставуваат дека се наводно потомци на АСНОМ-ци, а всушност ги избришаа АСНОМ-ските постулати од Уставот на Македонија“, потенцира Димитриевски и ги повика сите да се придружат за да ја водат оваа борба заедно до крај.

„Да победиме на овие избори и во иднина да бидеме коректив на секоја власт и на секоја опозиција во државата од позиција на трета политичка сила, која се вика Движење ЗНАМ – За наша Македонија“, рече тој.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување

Носителката на листата за Ие 5, Весна Бендевска потенцира дека ЗНАМ добива се поголема и помасовна поддршка во очи на парламентарните избори на осми мај.

„Сега сите знаеме дека сме на вистинската страна“, рече Бендевска и ги повика граѓаните да го заокружат бројот седум, затоа што Движењето ЗНАМ знае како заедно со граѓаните да ја подигне Македонија на нозе и да ја води државата достоинствено и чесно.