Димитриевски: Ние веќе имаме еден Коридор 8 со Косово, зошто парите за Бехтел и Енка не ги пренаменивме за Чебрен?

Сподели со своите пријатели

Државните пари од граѓаните наменети за Бехтел и Енка за изградба на Коридор 8 се непотребно трошење пари, место истите да се пренаменат за Чебрен како стратешки проект за нашата држава, смета градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

Loading...

“Ние веќе имаме еден Коридор 8, изграден е до Косово, конектирајте ја Македонија сериозно со Косово и немате потреба од трошење на толкави пари, но тогаш Артан Груби нема да има можност да се слика со маичка, да ја покажува истата, да договара фирми на тендер коишто всушност се производители на долен веш да бидат главните надзорни компании и фирми подизведувачи на Бехтел коишто се блиски и главни финансиери или пак пак фирми коишто ги избираат на многу градежни активности нивни челници на нивната политичка партија, каде од наши државни пари ги исцрпуваат средствата од буџетот и влегуваат претпоставувам во приватните џебови, а со истите тие пари се завршуваат големи стратешки проекти за оваа држава. Зошто тие пари не ги пренаменивме за Чебрен којшто е стратешки проект за којшто има интерес да се гради, прашува Димитриевски во вечерашното гостување во “Само Вистина” на Канал 5 телевизија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скопје и Сараево меѓу 10-те најзагадени градови во светот

Димитриевски на оваа тема разговарал и со премиерот на Албанија, Еди Рама прашувајќи го кој ќе плати за проектот и од каде државата би ги обезбедила тие пари, на што Рама одговор дека не знае.

“Имав можност да се сретнам со премиерот Еди Рама којшто е многу сериозен политичар и политичар којшто навистина мисли на националните интереси на неговата држава која ја преставува, на Албанија. Го прашав пред поголем аудиториум во врска со Бехтел и Енка и на мое прашање кој ќе плати за проектот и од каде пари, тој искрено рече “Не знам”. Американците не ни даваат пари, во Европската Унија бевме да лобираме и сеуште пари на располагање не ни се ставени, немаме ништо почнато како и во Албанија бидејќи не е функционален коридор ако не се почне да се работи и на нивната страна. И на мојот одговор дека нашата влада всушност има платено аванс од веќе 160 милиони, добив одговор дека ние сме веројатно богата држава штом го правиме тоа”, одговара тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните 4 години