Димитриевски: Немав симптоми, тестот беше на барање на епидемиолог

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски кој денеска ги добил резултатите од тестирање за коронавирусот, кои биле позитивни, во своето вклучување во емисијата на ТВ „Плус“ рече дека немал никакви симптоми, а тестот му бил направен по предлог на епидемиологот, како и за останатите членови на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

– Добро се чувствувам и денеска бев изненаден, но тоа е, го споделуваме моментот со останатите наши сограѓани кои се позитивни на тестот и им посакувам да закрепнат, а ние направивме реорганизација ќе продолжиме со нашите тековни активности. Повторно ќе се справуваме ние со кризата, ова не е исклучено од сценаријата, од самиот старт епидемолозите ни се посочија дека нашите активности и на луѓето кои се на терен се во најзагрозената група.

Пред дваесет дена биле направени првите тестови на членовите на штабот и сите биле негативни. Во недела по препорака на епидемиологот биле земени брисеви повторно, и тестовите биле позитивни за дел од нив.

Пет лица од штабот се позитивни на вирусот, а три лица вработени во Општина Куманово и три лица вработени во Територијалната противпожарна единица Куманово.

– Превентивно се правија еднаш анализи од страна на Центарот за јавно здравје и сите излегоа негативни, во моментот кога добивме сознание дека еден член на семејството на член од штабот е позитивен го ставивме во самоизоалција, истиот излезе од самоизолација, но беа направени тестови на сите членови на штабот и пет членови се позитивни, дополнително уште тројца луѓе вработени во општината и имаме тројца вработени во градската противпожарна единица, но тоа се предизвиците на нашата обврска и нашите работни задачи, нема простор за паника, сите се чувствуваме добро и посакувам сите да закрепнеме и со оние наши сограѓани на Инфективните одделенија и Клиниката во Скопје, рече Димитриевски.

Како што рече градоначалникот не се упатува на самоизолација од моментот кога ќе се направи тестот, туку од моментот кога ќе се добијат позитивни резултати на истиот, што тој заедно со останатите го сторил.

Членовите на штабот, како што информираше градоначалникот, постојано носат заштитна опрема, но се на терен и изложени на вирусот.

Градоначалникот Димитриевски вели дека кога најмногу се грижи за своите родители со кои живее, бидејќи се во ризична група.

– Кога ми соопштија прво не ми кажаа за мене, епидемиологот ми кажа дека имаме огромна бројка од 40 луѓе и тоа ме загрижи во истиот момент рече дека имаме пет членови на штабот и на крајот ми соопшти дека и јас сум меѓу тие. Ми беше сеедно, но загрижен сум за семејството, живеам со моите родители кои спаѓаат во ризична група, ова е битка за нашите најстари, ние можеме асимптоматски да ги поднесеме овие промени, но можеме вирусот да го пренесеме на нашите родители и да имаат пробелми, изјави Димитриевски.

Како што вели нема потешкотии и тешки симптоми, освен хроничната алерија која ја има секогаш во текот на пролетта.

– Освен од хроничен проблем со синуси од алергија, тоа го чувствувам и сега, немам температура, се надевам дека ќе остане така, но што и да се случи ќе ги слушам упатствата на лекарите, сигурно нема да се лекуваме со бабини лекови или дополнителни методи, затоа што покрај силната верба и волја, на крај е важна медицината која треба да го каже своето. Вирусот едноставно е енигма за целиот свет, не само за нас, зависно од организмот, степенот на имунитетот, така и регира, може да го поминете на нозе, може да се случи со сериозни последици. Тоа е што се случило, должни сме да постапуваме и да се бориме, сигурен сум дека и јас и нашите сограѓани ќе го поминеме ова, најмногу се плашам за најризичните групи кои се изложени и ги молам да останат дома, ако малку имаат доверба во она што го зборувам да се замозаштита и нивните внуци ако излегуваат помалку да ги посетуваат своите родители, дедовци и баби, изјави Димитриевски.

Општинскиот штаб за заштита и спасување ќе продолжи да функционира со двајца заменици на Димитриевски, а тој ќе продолжи да ја набљудува состојбата преку онлајн алатките.

Никола Ивановски

Leave a Reply