Димитриевски: Нема да дозволиме ова што го имаме како држава да го изгубиме

Сподели со своите пријатели

„Задоволен сум од резултатите во изминатиов период.  Секогаш може повеќе. Факт е дека се стабилизираат работите. Државата од еден тежок минус доаѓа на позитивна нула. Следува период на  позитивни политички решенија кои ќе бидат преточени во закони и голем број на проекти“, рече претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија и градоначалик на Куманово, Максим Димитриевски во„Вести плус“ на Канал 5 Телевизија.

Loading...

Тој додаде дека ова влада ја отсликуваат повеќе позитивни работи, а најважната е тоа што не ја тресе ниту еден корупциски скандал што, според него, беше незамисливо во минатото.

На констатацијата дека опозицијата критикува дека владата ја води државата во погрешен правец, Димитреивски рече:

„Тоа им е работа како на опозиција. Имаа шанса да покажат што знаат и умеат, за жал имаа крупни  скандали. Ако во минатото се задолжувавме нетранспарентно и неповолно, денеска тоа е транспарентно и се држи финансниски баланс. Покачувањетео на пензиите дали е линеарно или прогресивно, не е толку важно. Се случи покаување пд 5000 ден и сега од септември уште дополнителни 2000 денари (во септември 2025 и март 2026). Оваа влада се обидува да ги насочи средстсвата кон граѓаните и да го врати националното достоинство на секој Македонец и граѓанин, како што се труди сите граѓани да бидат исти пред законот.

Димитриевски посочи дека ЗНАМ имал друг концепт во однос на пензиите и системот, но не ја добил поддршката на изборите.

„Поддршката ја доби нашиот партнер ВМРО-ДПМНЕ. Должни сме да го следиме, затоа што добија половина милион гласови. Проектот на ЗНАМ беше најмногу да добијат пензионерите со помали пензии, а остантите степенесто помалку. И во наредниот период ќе има покачувања затоа што треба да влезат повеќе пари во секој дом. Она што го вети владата тоа и ќе го реализираме“, потенцира тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре завршува ЕМОФ 2025. Македонија против Латвија и Унгарија за 7. место

Во однос на намалувањето на  функционерските плати тој рече:

„Покачувањето на платите за функционерите  треба да се замрзне, а останатите да добијат можност да им се покачат платите и се работи на тоа“

Loading...

Димитриевски  потенцира дека сега целата атмосфера во државата е друга.

„За нас во Куманово беше незамисливо да градиме нова индустриска зона, каде ни се потребни најмалки  четири милиони евра. Тоа се случува. Еден цел град се гради, над 60 хектари. Ќе има нови странски инвестиции. Македонија мора да се отвори кон инвестиции. Тоа придонесува и за подобрување на условите во кои работат работниците“.

Во однос на она што се прави на полето на реформите во правосудството тој рече дека се преземаат чекори.

„Повеќе од 20 закони се подготвени и во наредниот период ќе бидат донесени. Можеби  ќе се  пробие некој рок, но ќе се донесат. Почнувајќи од  решенијата за Судскиот совет, платите на судиите, обвинителите. Се работи на процесот да создадеме услови за неселективна правда.  Имаме контаминиран систем каде одредени поединци  се однесуваат како кабадахии, бидејќи имаат партиска поддршка. Тоа го почувстувував  на моја кожа. Кога тоа му се случува на градоначалник, што може да му се случи на обичниот граѓанин. Тоа нема да биде така повеќе. СДСМ го креираше случајот во соработка со некои кои сакаат да го загрозат животот на граѓаните. Се борев да заштитам јавен интерес и да спречам градба од 11 спрата во близина на  детскиот диспанзер и средно училиште.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЗНАМ Куманово започнува теренска акција со граѓаните за креирање на програма за локалните избори (ВИДЕО)

Го земавме тој ресор, правда, како и ресорот јавна администрација и таму суштиските закони се донесени“.

Во однос на тоа што се презема за патот кон ЕУ, почетокот на преговорите, Димитреивски нагласи:

„Оваа влада и ЗНАМ нема да се откаже од европската агенда. Нашето место е таму. Но, нема да дозволиме да се подгазиме и да се откажеме од нештто суштинско,  идентитет, јазик, култура, континуитет, сопствена историја, зашто не можеме да имаме заедничка историја. Направеи се грешки од претходната влада. Ние нема да потклекнеме на притисоците кои доаѓаат однадвор. На акција даваме реакција и така ќе продолжиме“.

Запрашан како ја оценуваат иницијативата на ВМРО за донесување на резолуција, Димитриевски рече:

Loading...

„Прилично ме радува зашто ние од ЗНАМ понудивме Национална Платформа за македонските национални црвени линии и со ваков документ се потврдува  нејзината оправданост. На Македонија во одредени моменти и треба национален консензус и ние тоа го поддржуваме. Јас кажав дека од Софија ќе има повеќе барања и тоа се оствари.  Ние нема да дозволиме ова што го имаме како држава да го изгубиме. Патриотизам или имате или немате. Нас ни требаат цврсти гаранции од ЕУ. И ако не’ сакаат таму, мора да не’ признаат. Мора да не’ потврдат. Ние се потврдуваме самите себе си, но тие го трансферираа проблемот од билатерален во мултилатерален. Мора да се вклучат и да го решат. При тоа ниту еден притисок од страна нема да ги помрдне работите од мртва точка. Не се работи само за Бугарите во Устав, туку за следните барања кои ќе бидат испорачани на релација Софија-Скопје.  Што им пречи ним да во било каков акт стои македонски јазик, македонски народ? Зарем е тоа срамота во ЕУ? Па таму сакаме да влеземе затоа што се штитат правата на малите народи“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Анкетите покажуваат дека уживаме најголема доверба (ВИДЕО)

Запрашан како ја оценува констатацијата дека според тврдењата на ДУИ,оваа влада ја води државата во српски свет, Димитреивски потенцира:

„Српски свет не  постои. Оваа влада сака сите кои се тука да ги одведе во еден  поубав свет и нема да дозволиме одредени моноетнички субјекти  кои во континуитет делуваат повеќе од 20 години и беа власт, да ги насочуваат граѓаните во друга насока. Македонија беше и сеуште е ограбена држава, која е затечена на многу ниско ниво. И во овој момент

се работат над 200 проекти во повеќе општини во земјата. И што е могу важно државата не е мајка за едни, маќеа за други како во минатото  каде се помагаше само на некои. Сите граѓани мора да се чувствуват еднакви“.

На прашањето како го оценува договорт со Британија и дали тоа не е замена на ЕУ, Димитриевски одговори:

„Не е замена. Тоа е отворање на нова врата за државата и барање на нов стратешки партнер. Ова отвора нови преспективи.  Македонија нема ресурси   што може да ги понуди, но има положба, која уште Бизмарк ја дефинирал како Вардарска долина, и тоа треба Македонија да го користи“.

Интегрално соопштение / ПР