Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски упати честитка по повод Први мај, Меѓународниот ден на трудот, до сите работници и работнички во која им се заблагодарува за трудот кој го вложуваат за подобрување на нашите живпти.
Како што вели, нивна е обврската да создадат услови во кои работниците ќе ја сакаат својата работа.
Еве што напиша Димитриевски:
„На сите работници и работнички им се заблагодарувам за трудот кој секојдневно го вложуваат за да ги подобрат нашите животи. Од нив зависи нашиот напредок како држава, меѓутоа и од нас зависи колку ние како политичари ќе им овозможиме достоинствени услови за работа, како и пристојна плата.
Нашата обврска е да создаваме услови во кои работниците ќе ја сакаат својата работа, кои ќе бидат ценети и вреднувани, а исто така ќе се чувствуваат и заштитено на своето работно место. Да знаат дека државата секогаш стои позади нив – да ги заштити и да ги унапреди.
Денешниот ден е потсетник дека активно и неуморно мора да работиме за да ја оствариме целта, а тоа е да направиме сѐ нашите работници да бидат задоволни и мотивирани.
Нека ни е честит Меѓународниот ден на трудот“.
Никола Ивановски