Димитриевски: Најголем број ресори сè уште ги држат истите луѓе кои се едни од најодговорните за пропастот на вистинскиот СДСМ

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија Сител истакна дека по  аправената реконструкција и реорганизација на СДСМ партијата суштински не е променета и ако се погледнат најголем број на ресори сè уште ги држат и ги менаџираат истите луѓе кои се едни од најодговорните луѓе за пропастот на вистинскиот СДСМ.

Loading...

„СДСМ отсекогаш била државотворна партија и за жал денеска се доведе на едно вакво дереџе да ја дефинираат поранешните активисти како  кционерско друштво во СДСМ коешто излезе далеку од она што значи програмска определба на делување и повеќе наликува на приватизирана партија. И минатиот пат му посакав успех на Ковачевски, да успее во неговите реформи. Да, имаше обиди за комуникација со мене, врз база на лична комуникација, неофицијална, но мојот став е јасен. Побарав поддршка како независен кандидат од граѓаните и моја обврска е да ги следам тековите и насоките кои ќе ги добијам од самиот електорат. Не сакам да разочарам никој, политичкото убедување и идеолошко убедување кое е елементарната матрица за делување во политиката е едно, јас реков сум левичар со одредени ставови кон центарот, па можеби во моменти и десно, но, сепак по однос со ставовите за развојот на општеството сум убеден левичар и ќе останам како таков да делувам на политичката сцена“, рече Димитриевски.

Тој информираше дека не размислува за враќање во Социјалдемократскиот сојуз, бидејќи неговиот статус до ден денеска уште не е познат.

„Никогаш не се откажав од СДСМ, но за жал моите сопартијци и тогашниот лидершип во којшто исто така беше и Ковачевски како член на Извршниот одбор, а не го издвои својот став по ниту едно важно прашање коешто се разликуваше во однос на моите ставови и партискиот лидершип, значи не се обидоа да го спречат тој процес на мистификација и ампутација на квалитетни партиски членови помеѓу кои се сметам и самиот себеси. Не бев  само јас предмет на такви постапки, всушност се водеа такви постапки и за многу други членови кои не излегоа во јавноста“, посочи Димитриевски.