Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во гостувањето во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24 потенцираше дека над 80% од
територијата на градот во моментов е покриена со јавен превоз.
„Проблемот е од бизнис аспект, имаме поголем број на превозници кои со години оперираат во градот, коишто од многу мали компании поради таа
услуга, превозот, јавниот превоз и превозот на ученици се изградија во сериозни компании кои поседуваат сериозен капитал. Долг временски период беше од страна на општината најавувано на сите тие превозници кои го вршат тој јавен превоз да влезат во инвестиции и да набават нови возила. На последната тендерска постапка поставивме услови минимум еуро четири возила, бидејќи здравјето на граѓаните и квалитетот на услугата првенствено што граѓаните и општината ја плаќаат треба да биде на највисоко можно ниво, согласно условите не наидовме на разбирање и се обидоа самата постапка едноставно да водат некој вид на скриена војна со општината. Останавме имуни на тоа и останавме на наши ставови. Денеска имаме обжалени мислам шест или седум постапки за јавниот превоз, верувам дека во иднина тоа ќе се реши, а потоа остануваат инструментите на општината да ги провери квалитетот на возилата кои се ангажирани во јавниот превоз, дали ги исполнуваат еколошките услови, дали се тоа возила со ниски платформи како што е предвидено согласно законот и правилникот, едноставно граѓаните да добијат поквалитетна услуга“, рече Димитриевски.

