Димитриевски: На Табакана ќе изградиме паркинг, а не нова зграда (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Нов паркинг простор и зеленило ќе бидат изградени на месноста Табакана на булеварот „Октомвриска револуција“ најави градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

Тој ги отфрли шпекулациите дека таму ќе биде изградена нова зграда.

– Донесен е ДУП, во минатото пред да бидам градоначалник, со којшто на таа локација има вцртано изградба, можност за изградба, на станбено деловен комплекс. Додека јас сум градоначалник такво нешто нема да се случи, рече Димитриевски.

 

 

Како што појасни тој, просторот моментално се чисти, а сопствениците на времените објекти треба да ги отстранат сами или во спротивно на нивен трошок тоа ќе го стори општината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово продолжува со уредување на улиците (ФОТО)

– Сите сопственици на тие објекти од времен карактер добија решенија со коишто мораат да ги дислоцираат, во спротивно општината ќе ги изврши, ќе ги дислоцира и тоа ќе го наплати од сопствениците, рече тој.

Според Димитриевски, наместо зграда, на тој простор ќе се изгради паркинг прорстор со зеленило и детско катче.

– Планираме партерно да го уредиме, да го зголемиме просторот за можност за паркирање на возила бидејќи претходно знаете дека тука се изградија неколку фамозни згради коишто имаат многу мал паркинг простор. Дополнително да се остави можност за оззеленување на просторот, изградба на едно детско каче, појасни првиот човек на градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поради реконструкција на улица „425“ привремена измена на линијата Бедиње – Тромеѓа

Според Димитриевски таков план постои и за локацијата на поранешно „хемиско чистење“, односно зад градскиот плоштад на улица „Ленинова“.

– Исто така ќе настапиме со извршување на истите објекти се со цел да го ослободиме градот од таквите времени објекти и тие простори коишто се сопственост на Општина Куманово да ги стаиме во функција на граѓаните за паркирање и дополнително за ширење на градот во тој дел без никаков тип на градба згради и други фамозни објекти, додаде Димитриевски.

Никола Ивановски