Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска оствари протоколарна средба со постојаниот координатор на Организацијата на обединетите нации во Република Македонија, Рита Колумбија.
Во рамки на пријателскиот разговор, соговорниците разговараа за улогата, функцијата и досегашните активности на ООН на национално и локално ниво. Беа потенцирани придобивките од соработката со светската организација, како и нејзината заложба за заштита на граѓаните и унапредување на нивниот просперитет, особено во областите кои се во доменот на мандатот на Обединетите нации, велат од Општина Куманово.
Средбата претставува потврда за продолжување на партнерската соработка меѓу Општина Куманово и ООН, со акцент на реализација на заеднички иницијативи од значење за локалниот развој и благосостојбата на граѓаните.
Никола Ивановски