Димитриевски на средба со амбасадорката на Хрватска

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во Македонија, Нивес Тигањ.

Loading...

 

 

На средбата, како што информираше Димитриевски, се разговарало на повеќе теми за продлабочување на меѓусебната соработка.

 

 

Loading...

– Изградените добри односи и досегашните споделени работни искуства, водат кон очекувани можности за имплементација на нови и значајни проекти. Заедничката иницијатива за достигнување на повисок степен на комуникација, ќе донесе унапредување на соработката меѓу двете земји во повеќе области. Според прецизираните приоритети на двете страни, на средбата беа истакнати позитивни очекувања за продлабочување на досегашната соработка преку соодветни и реални решенија, согласно со заедничките потенцијали и определби, се вели во соопштението.

 

Никола Ивановски