Димитриевски: На СДСМ сега им текна на црвени линии, а кога беа власт ги распродаваа националните интереси

Сподели со своите пријатели

„Сега им текна на македонските црвени линии, а кога беа на власт ги распродаваа нашите национални интереси“, порача претседателот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски од вчерашната промотивна конвенција во Скопје.

-На СДСМ пред избори им текна да предложат резолуција со црвени линии. Демек ќе ги штитат интересите на државата. Сега им текна на македонските црвени линии, а кога беа на власт ги распродаваа нашите национални интереси. ЗНАМ уште минатата година промовираше својата Платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални и црвени линии. Не знам дали сега решиле да препишуваат наши идеи, но знам дека ова е очајнички, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово потпиша меморандум за соработка со Хуманитарно здружение „Мајка“

Вели дека кога им ја испратиле својат национална платформа, во СДСМ никој не ја ни прочитал и им била вратена неотворена во коверт.

– ЗНАМ како државотворна партија секогаш ќе ги штити националните интереси на Македонија. На Филипче можам да му порачувам само едно „злосторникот секогаш се враќа на местото на злосторот“. Сето она што беше презентирано од нивна страна до денеска ми наликува дека е напишано во Софија, а не во Скопје. Но како и да е, нека продолжат нека поработат, нека се извинат, нека излезат пред лицето на македонскиот народ, тој секогаш знаел да прости и ќе продолжиме да разговараме за нашите национални интереси со текстови кои што се издржани и кои не штитат а не продаваат, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски до Ахмети: Се додека има Македонци, ќе ја има и Македонија