Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, на првиот работен ден од својот трет мандат изврши увид на повеќе теренски активности, при што најави нов инвестициски циклус во инфраструктурата на градот.
„Почитувани сограѓани, прв работен ден по изборот, овде сме во населба Зелен рид, на улица Васко Карангелески. Улица којашто носи име на еден наш великан, вистински патриот. Сакам од овде да најавам во следниот период реализација на повеќе од 30 инфраструктурни проекти во различни делови на градот, со акцент на централно градско подрачје, големите урбани населби и урбано-руралниот дел во градот“, изјави Димитриевски.
Тој им се заблагодари на граѓаните за довербата и истакна дека ќе продолжи со реализирање на проектите започнати во претходните мандати.
„Продолжуваме заедно, ви благодарам на довербата. Куманово заслужува континуитет, вчера тоа го доби, го потврди. А моја обврска е да продолжиме заедно да го градиме Куманово. Ви благодарам уште еднаш за дадената поддршка“, порача градоначалникот.
Никола Ивановски

