Кандидатот за градоначалник на Куманово од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, по оствареното право на глас на денешните избори упати порака до граѓаните, истакнувајќи дека очекува фер и демократски изборен ден и висока излезност.
Тој нагласи дека очекува „солиден одѕив, нешто слично како и во првиот изборен круг“, додавајќи дека волјата на граѓаните ќе се види вечерва, кога ќе се отворат гласачките кутии.

Во своето обраќање, актуелниот градоначалник на Куманово упати и порака за единство и заедништво меѓу граѓаните:
„Јас како актуелен градоначалник во оваа прилика само ќе апелирам дека на Куманово и на Македонија им е потребно слога, соживот, разбирање и да продолжи во континуитет да се развива, бидејќи нашиот град тоа го заслужува.“
Никола Ивановски

