Димитриевски: Македонија не смее да биде повеќе монета за поткусурување во рацете на неспособни и корумпирани лидери

Сподели со своите пријатели

Во рамки на кампањата „Заедно знаеме повеќе“, Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски од Охрид упати јасна и силна порака до раководството на СДСМ, но и до сите граѓани кои се чувствуваат изневерени од политиките на истите.

Loading...

„Тие беа трговци, а нашите белези на главите стојат сѐ уште тука, зошто? Верувавме ние во тие концепти, за жал не’ продадоа. Но, тие лоши трговци менуваа, за жал, и трампеа бајадери за корнишони. И тоа не смееме никогаш повеќе да го дозволиме. Се играа со тоа што е најсвето за сите нас и ги поминаа сите граници.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вчера 968 сообраќајни прекршоци, 636 за брзо возење

Македонија не смее да биде повеќе монета за поткусурување во рацете на неспособни и корумпирани лидери. Време е за промена што ќе произлезе од народот, а не од политички пазари.

Време е да го вратиме достоинството, чесноста и визијата во политиката.

Преку оваа изјава, претседателот Димитриевски и Движењето ЗНАМ испраќаат силна порака:

Народот ќе зборува. И ќе победи на претстојните локални избори.

 

Loading...