Куманово заслужува да продолжи да се развива, ова беше пораката која денеска на пладне ја испрати кандидатот за градоначалник на Движење ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски.
Тој заедно во придружба на својата сопруга денеска го оствари гласачкото право во ООУ „11 Октомври“, од каде посака успех на сите општини во државата.
– Посакувам успех денеска на Македонија, Куманово, сите општини кои бираат градоначалници и нов состав на совети. Знам дека Куманово заслужува да продолжи да се развива. Нека излезат граѓаните масовно денеска да се одважат и нека ја дадат својата поддршка за кандидатот за кој сметаат дека најуспешно ќе го менаџира нашиот град, а секако и сите општини во државата. Денеска треба да биде празник за цела Македонија, а наша обврска е да ја исполниме нашата граѓанска должност така како што е предвидено со Уставот, изјави Димитриевски.
Никола Ивановски