„Куманово почна да се менува и заслужува да се промени во целост“, рече денеска актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски, кој поднесе кандидатура за нов мандат во матичната партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија.
Како што вели чест е да се биде кандидат на матичната партија, а Куманово заслужува континутет да продолжи да расте и да се средува.
– Горд сум што стојам пред овие млади, перспективни, докажани луѓе од различни области, од различни делови на градот, коишто ќе бидат составен дел на нашата кандидатска листа. Во оваа прилика сакам да им честитам на кандидатурите на сите мои противкандидати и сите кандидати за советници, а воедно исто така да посакам граѓаните да го направат вистинскиот избор на 19ти октомври. Верувам дека граѓаните на Куманово ќе дадат поддршка на континуитет, бидејќи Куманово почна да се менува и заслужува да се промени во целост и како град и како инфраструктура, но и во делот на нашите секојдневни навики, изјави Димитриевски.
Никола Ивановски