Димитриевски: КК Куманово е приватен клуб и сопственикот одлучува дали ќе се продаде, а не општината

Сподели со своите пријатели

По гласините дека Кошаркарскиот клуб Куманово ќе биде продаден, денеска се огласи и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Loading...

Одговарајќи на советничко прашање на седница на Советот на општината, Димитриевски рече дека жител на Нов Зеланд покажал интерес да го купи клубот.

Дали таа купопродажба ќе се реализира, Димитриевски вели зависи од сопственикот на клубот, а тоа не е општината.

– Сопственик е фирмата „Оли травел“, не е сопственик Општина Куманово. Таа иста компанија кога е регистрирана и направена пререгистрација станала сопственик на АД КК Куманово и сите одлуки ги носи сопственикот. Тоа е приватен клуб. Дали ќе се продава приватен клуб тоа е одлука на сосптвеникот, рече Димитриевски.

Димитриевски вели дека нема ништо лошо ако некој го купи и овој, и останатите клубови и ги финансира, оти на тој начин ќе ги намали трошоците на општината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Исчезнат жител на Младо Нагоричане

– Имаше иницијатива за купување на клубот и камо среќа да го купи некој, не само овој, сите, но и да преземе обврска да ги финансира истите и да нѐ растерети. Оние средства од 250 илјади евра на годишно ниво кои ги даваме за развој на спортот да ги намалиме на 50 илјади и да финансираме само развој на училишен спорт, а приватни клубови сериозни приватни копании да менаџираат со нив како што секаде во светот функционира, вели градоначалникот.

Како што појасни Димитриевски, во неговиот кабинет дошол заинтересиран купувач од Нов Зеланд и тој ги препратил кај сопственикот.

– Должен сум секоја иницијатива што ќе дојде, како во овој случај, заинтересиран купувач од Нов Зеланд што дојде до мене се претстави со фирма го поврзав со сопственикот на клубот и натаму општината нема врска, појасни Димитриевски.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајдено малолетното девојче од Пчиња кое беше пријавено за исчезнато

Вели дека во минатото се трошеле 300 илјади евра само на кошарка, а останатите спортови биле запоставени.

– Ние почнавме етапно со инвестици во спортски терени, инвестиции на 11 спортски терени, почнавме реконструкција на Спортската сала, тргнавме со инестиција во Соколана, каде парите од 9 милиони денари експресно ги симна вашиот премиер од сметка, не знам зошто, кога и тој во младоста играл на тие терени, вели Димитриевски во одговор кон опозицијата.

Кумановци сакаат кошарка, и еден ден ќе имаат, вели Димитриевски, но парите, додава, нема да се делат на странци туку на играчи од Куманово.

– Каде е логиката да играте кошарка, а немате каде, тече салата на сите страни, нема никаков страндард. Ќе одиме во ноември да ја видиме заедно Спортската сала, но ние тоа го правиме успешно. Нам не ни е битно дали клубот ќе е 4. или 7. место тоа е ист резултат, ако не играте фајнл фор или не бидете шампион. За да станете шампион во Македонија треба да сте државна приказна, МЗТ или Работнички. Видете колку пари дава Општина Центар за Работнички, а МЗТ е државна приказна, ние такви привилегии немаме, појаснува градоначалникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски учествуваше на меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам (ФОТО)

Клубот вели, се финасира од донации и ваучери од Агенцијата за млади и спорт. Општината го помага со 1,5 милиони денари годишно, но тоа треба да служи за развој на младински категории.

Димитриевски вели дека ќе се воведе и предложи до советот поголема контрола за тоа како се трошат тие пари.

Никола Ивановски