Димитриевски: Ќе продолжиме да работиме на решавање на децениските инфраструктурни проблеми

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, најави продолжување на активностите за подобрување на инфраструктурата во сите урбано-рурални населби во општината.

Тој денеска изврши увид во тековните работи за партерно уредување на улиците во населбата Иго Тричковиќ, каде што се поставуваат бекатон плочки на неколку улици.

– Работиме на партерно уредување на улиците, главните улички и краците од улиците, конкретно на улица 400, 401 и 402. Ги уредуваме со бекатон плочки. Се надевам дека во рамки на овој мандат ќе успееме да ги завршиме во сите приградски урбано-рурални населби улици за да едноставно граѓаните им дадеме можност за поквалитетно урбано живеење и едноставно да се спасат од децениските проблеми со кал. Продолжуваме заедно за континуитет на Куманово, бидејќи кај мене зборот е збор“, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Фиат“ излета кај Страцин, возачот тешко повреден

 

 

Тој додаде дека и во наредниот мандат приоритет ќе остане решавањето на децениските инфраструктурни проблеми, со цел подобрување на условите за живеење на сите жители на Куманово.

Никола Ивановски