Димитриевски: Ќе имаме кандидати за градоначалници во поголем број на општините (ВИДЕО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ќе има кандидати за градоначалници во повеќе општини низ државата, најави денеска претседателот на партијата Максим Димитриевски.

Како што посочи, се уште течат преговорите со коалиционите партнери за тоа во кои општини ќе си дадат меѓусебна поддршка.

– Ќе имаме кандидати во поголем број на општините низ државата, во моментов течат преговори со нашите коалициони партнери во делот на взаемната поддршка на кандидатите кои ќе ги номинираме и ние и тие и времето ќе покаже каде ЗНАМ ќе има свои градоначалници во иднина, но сигурен сум дека ќе има многу повеќе отколку во моментов, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мотоциклист и негов сопатник повредени во сообраќајка во липковско

 

 

Засега како единствен соопштен кандидат е токму Димитриевски кој ќе трча за трет мандат за Куманово, но запрашан вчера дали ќе ја добие поддршката од своите коалициски партнери, рече дека тоа останува нивна одлука која треба да ја донесат и соопштат на јавноста.

Никола Ивановски

Loading...