Димитриевски: Ќе бидат повлечени голем број на детални урбанистички планови за да вцрта во нив јавниот интерес

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Во живо програма на градовите“ на МТВ информираше за инфраструктурните проекти што се реализираат во општината.

Loading...

Тој изјави дека вчера се отворил новиот трговски центар „Ла Плаза“ во градот, којшто е комплетно приватна инвестиција, а претходно биле реконструирани и проширени сите пристапни улици на главниот градски булевар „Трета македонска ударна бригада“, на локација кај градскиот пазар.

Во емисијата, Димитриевски посочи дека ќе бидат повлечени голем број на детални урбанистички планови за да се вцрта во нив јавниот интерес.

„Куманово ќе мора да обезбеди поголем број на паркиралишта, првично на хартија да ги предвиди и испланира, а потоа со тек на време и да ги изреализира. Градот не го гледам како Куманово 2023, туку како Куманово 2033, да оставиме подлога на тие што ќе дојдат зад нас за да можат да создаваат еден модерен и урбан град и да ги коригираме сопствените навики. Инаку, планираме реализација на голем број инфраструктурни проекти и оваа година коишто не се отпочнати, а веќе се тендерирани или се во постапка, во фаза на потпишување на договори. Првично, ќе тргнам со санација на спортскиот комплекс Соколана, имаме завршено постапка за изградба на комплетно партерно уредување, изградба на второто игралиште во дворот на Соколанска спортска сала која е една од најстарите спортски сали во градот, и ќе влеземе во самата сала каде ќе ја смениме кровната покривка и ќе ја засилиме статиката, бидејќи тоа беше објект заборавен и оставен на времето со нерешени имотно правни односи, го земавме како сопственост на општината и од година во година во уредуваме“, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанија и Турција со златни медали од ЕМОФ во Куманово (ГАЛЕРИЈА)

Димитриевски, посочи дека ќе се работи на целосна реконструкција и трансформација на актуелниот стар градски парк покрај реката Липковка, кој се наоѓа веднаш до стариот градски стадион да се реконструира во современ, модерен, смарт парк со фитнес корнери и дополнителен паркинг простор.

„Дел од овие содржини се веќе изградени, а дел во следниот период ќе бидат изградени со модерни трим патеки, партан подлоги за трчање, рекреирање, со модерни патеки со акрилна подлога за бициклисти, еден спортски комплекс во рамки на самиот тој градски парк и уште голем број на други проекти. Но, не можам, а да не го споменам и секако еден од најважните проекти оваа година, а тоа е целосна реконструкција на малиот градски плоштад во градот којшто се наоѓа пред платото на Домот на културата во градот и ќе биде трансформиран во еден модерен центар така како што го личи Куманово“, истакна Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанија и Турција со златни медали од ЕМОФ во Куманово (ГАЛЕРИЈА)