Димитриевски иницираше вонредна седница на Советот за помош на Нови Сад

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски иницираше вонредна седница на Совет на општина Куманово со цел помош на градот Нови Сад во Србија.

– Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски иницираше вонредна седница на Совет на општина Куманово на која предлага да се донесе одлука за финансиска помош на збратимениот град Нови Сад, поради настанатата несреќа, како и финансиска помош на семејството на загинатиот македонски граѓанин. Градоначалникот на општина Куманово во име на граѓаните на Куманово упатува сочуство до семејствата на жртвите, граѓаните на Нови Сад и Р.Србија, велат од Општина Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започнаа „Ноемвриските денови“ – Со низа настани Куманово ќе одбележи 506 години постоење

Во несреќата со уривање на дел од настрешница на железничката станица во Нови Сад, загинаа 14 лица, меѓу кои и еден македонски државјанин.

Никола Ивановски