Димитриевски им честиташе на спортистите за наградата Град на спортот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Спортските работници од Куманово денеска ја примија наградата Европски град на спортот за 2019 година, а градоначалникот Максим Димитриевски им честиташе за сите досегашни успеси.

Loading...

-Благодарение на досегашните ангажмани на сите можни нивоа на нашите спортисти на локално идржавно ниво, генерции и генерации наназад ио на сите вложувања направени одстрана на Општина Куманово во изминатите години во делот на спортскаинфраструктура, развојот на спортот со богата спортска програма, дојдовме наниво да добиеме и вакво признание. Уште еднаш сакам да се заблагодарам на ситеспортски работници, бидејќи овој резултат е нивен и пред се на родителите нанајмладите генерации кои што како ентузијасти ги поддржуваа своите деца дададат несебичен допринос за развој на спортот во нашиот град.

Со скромни средства ќе продолжиме да го развиваме спортот и спортската инфраструктура најави денеска Димитриевски, кој ги повика и институциите на централно ниво да се вклучат во поддршката на кумановскиот спорт.

-Ја користамоваа прилика да ги повикам и надлежните државни институции, Агенцијата за младии спорт, Владата на Република Македонија, ресорните министерства, пред сеМинистерството за образование и наука да ни дадат поддршка на тој пат, бидејќиКуманово било и сака да остане олимписки град. Им посакувам успех на ситеспортисти на сите полиња, заедно се надевам дека ќе го вратиме епитетотКуманово град на спортот не само во Република Македонија, туку пошироко,регионално и на европско ниво како што го заслуживме и оваа признание, додаде Димитриевски.

Денешната средба на градоначалникот беше овековечена и со заедничка фотографија на стотина спортисти и спортски работници од Куманово.

Leave a Reply