“Изненадувачка е паничната реакција на г-динот Груби изминатите два дена. Вокабуларот кој што го употребува личи на заканувачка реторика од улица. И тоа не ме чуди. Ако внимателно ја проследите изјавата на Г-динот Груби тој вели, цитирам: ,,ПОСОЧЕНОТО ЛИЦЕ,, и дека темата на разговори во Будимпешта биле ,,ИЗМЕНИТЕ ВО КРИВИЧНИОТ ЗАКОН,, Јас никаде во моите прашања до г-динот Груби не споменав ниту лице, ниту тема на разговори!? АМА КОГА НЕКОЈ СИ ЈА ИМА МУВАТА НА КАПАТА, ПОТСВЕСНО СИ ДАВА ОДГОВОРИ. Јас сум му благодарен за тоа. Тој должи одговор на јавноста не на мене? Би го замолил да биде попрецизен и да даде одговор. На кое посочено лице мисли? И која е темата на разговори со посоченото лице?!”, напиша градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски по реакцијата на вицепремиерот Груби, овој пат упатувајќи неколку директни прашања кои се однесуваат на средбата во Будимпешта претходно договорена помеѓу тесното раководство на СДСМ и ДУИ.
Дали е точно дека е одржана средба меѓу тесното раководство на СДСМ и ДУИ на која е одлучено да се побара помош од Будимпешта? Дали е точно дека на таа средба е одлучено лице за контакт со Будимпешта да биде г-динот Груби? Дали е точно дека за помошта од Будимпешта, побарано е закон за “амнестија” (актуелните измени на членовите во КЗ) и обезбедување на дополнителен број на пратеници за уставни измени, прашува Димитриевски.
Градоначалникот Димитриевски пред два дена упати јавно прашање до Артан Груби барајќи јавно да одговори дали и кои се причините за посетата на Будимпешта. Груби по оваа изјава јавно го нападна градоначалникот дека дрско лаже, на што Димитриевски во денешната реакција му порача дека таквите изјави не му палат и не поминуваат ниту пак можат да го заплашат градоначалникот Димитриевски.
“Колку ме служи меморијата г-динот Груби заплива во политичките води како резултат на насилие меѓу две навивачки групи. Кариерата ја започна како организатор на рушење на започнатата музеј црква на Кале. Продолжи заедно со своите компањони со демолирањето на салата на новиот театар во Скопје, а денес е познат како човек кој го води најсомнително коруптивниот проект во државата и за надзор на круцијален капитален проект кој вреди неколку милијарди долари, избрана е фирма која е производител или тргува со долен веш. Патем, му ја палат приватната кола во која се вози, а не е на негово име?! За местото на одржување на средбата меѓу тесното раководство на СДСМ и ДУИ, и темите на истата, во некоја друга прилика. А пред да ми одговори на поставените прашања, го молам Г-динот Груби да престане со играње фудбал и партиските журки за соло пеење на неговиот шеф во неговиот кабинет, да се смири, да се концентрира, да размисли, и потоа да даде овој пат искрени одговори бидејќи ние му ја плаќаме и платата а и кабинетот како даночни обврзници”, дополни Димитриевски.