Граѓаните можат да поднесат свои мислења и видувања во писмена форма во однос нацрт предлого за долгорочно задолжување на Општина Куманово, најави денеска градоначалникот Максим Димитриевски, откако на јавната расправа утринава никој не се јави за збор од присутните осумдесетина граѓани.
– Присуствувале околу осумдесетина граѓани од нашиот град, немало расправа иако очекував да има, но оставен е период дополнително граѓаните да поднесат свои мислења и видувања во писмена форма. Очекувам дека молкот значи поддршка на самиот проект. Се работи за општо-корисен проект кој ќе ги стави во повисока функција јавните претпријатија во градот, се со единствена цел да даваат поквалитетна и подобра услуга на нашите граѓани, изјави Димитриевски.
Инаку со долгорочно задолжување преку проект со Министерството за финансии општината планира да се задолжи еден милион евра со цел набавка на техничка опрема за јавните претпријатија во градот.
Никола Ивановски