ДИМИТРИЕВСКИ: Гласајте за бројот 2, за континуитет, за нешто што е конкретно, а не за празни зборови

Сподели со своите пријатели

Резултатите од првиот круг покажаа која е волјата на граѓаните, бидејќи јас имам освоено повеќе гласови од сите мои противкандидати кои се од, условно речено, од македонскиот политички блок, рече кандидтот за градоначалник на Куманово и лидер на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски на изборното соочување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма.

Прашан од водителот како ја коментира силната поддршка од коалицските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ, Димитриевски одговори: „Бпагодарен сум на поддршката од партнерите во Власт, но уште повеќе сум благодарен на поддршката од граѓаните со кои се покажа евидентно нивната желба Куманово да продолжи по зацртаниот пат“.

Во текот на дебатата Димитриевски потенцираше дека испратил возило и логистичка поддршка за чистење на сметот во Општина Центар како одговор на повикот на ЗЕЛС и желбата да помогне на граѓаните на Скопје: „Јас само одговорив позитивно на повикот од ЗЕЛС да пружам помош таму каде што е најургентна, а Скопје се соочува и со можна епидемија поради купиштата смет. Ако се сеќавате, така беше и во минатото кога први притекнавме во помош за време на пожарот во Гази Баба. И, актуелнтата акција беше усогласена на владино ниво – а снимките беа презентирани на јавноста од медиуите“, нагласи Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ракометарите на Македонија ја пречекуваат Јапонија во Куманово

Тој наведе дека граѓаните во Куманово знаат дека е човек од збор и дека се што има ставено како ветување во програмата ќе го исполни. Како приоритетни капитални проекти ги наведе изградбата на три детски градинки, три нови кружни текови и целосно средување на централното подрачје на Куманово. Се разбира дека ќе продолжи и ќе го осовремени и надгради бесплатниот превоз кој, како што рече дневно го користат барем 15-16 илјади негови сограѓани. Како и преземање и средување на Пионерскиот дом, по примерот на Спортската сала и Соколаната.

Во серијата реплики што ги имаше со својот противкандидат Горан Стојковски Диро, Димитиривски него го нарече кандидат на една истрошена политичко-градежна елита која преку него сака да продолжи со своите бизниси. На која, актуелниот градоначалник потенцираше, дека им застанал на патот и не дозволил да продолжат со уништувањето на градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КБК „Предатор“ со три медали од турнирот во БиХ (ФОТО)

На крајот ги повика граѓаните да излезат масовно на 2 ноември и да го заокружат бројот 2. „Ве повикувам да гласате за континуитет, да гласате за нешто што е конкретно, а не се само празни зборови. Јас го ценам вашиот збор, ценете ги и вие делата кои успеавме да ги реализираме во минатите осум години. Едно може да ветам – тоа што го напишав во програмата која се потрудив да биде дистрибуирана речиси во секој дом, ветувам дека ќе го исполнам во целост заедно со мојот тим.“, заврши со своето обраќање пред гласачите Максим Димитриевски.

Интегрално соопштение