По повод празникот на градот Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски додели признанија на неколку физички и правни лица од градот.
Признанијата се за нивни врвни резултати во областите на делување, а доделени се наместо Ноемвриската награда, највисокото општинско признание, кое оваа година не можеше да се додели бидејќи Советот кој одлучува за наградите не е конституиран поради изборниот процес.
Награди добија:
Зоран Арсовски – Бабата
– Академски ликовен уметник, магистар по сликарство, за претставување на градот преку многубројни ликовни колонии, уметнички фестивали, проекти и симпозиуми во земјава и странство.

Проф. д-р Аљмир Рушити
– За неговото делување и придонес во работењето во академска, научна, образовна, културно – уметничка и добротворно-хуманитарна област во текот на повеќегодишен период, кои се тематски поврзани со град Куманово.

Иван Цветковски
– За афирмација на духовно и културно наследство, спортот, културата и заштита на животната средина во градот.

Танцов спортски клуб „Динамик”
– За танцов перформанс „Пафта-Словенски корени на македонскиот народ“, преку кој го покажаа влијанието на словенската култура врз македонскиот народ.

Танцово студио „Виртус“
За танцоф перформанс „Пафта-Словенски корени на македонскиот народ,,, преку кој го покажаа влијанието на словенската култура врз македонскиот народ.

Бобан Стефановски
Прв лиценциран планинарски водич од Куманово, за успешно претставување на градот преку искачување на планинските врвови, како државата така и во светот.

Кик бокс клуб „Предатор“
– За успешно претставување на дисциплина на домашно и интернационално ниво, при што имаат добиено златни, сребрени и бронзени медали.

Фудбалски клуб „Башкими 1947“
– За унапредување и развој на фудбалот во Куманово.

Младински кошаркарски клуб Куманово
– За унапредување и развој на кошарката во Куманово.

Никола Ивановски

