Во име на земјоделците, градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски денеска упати неколку прашањ до Владата и прашува „до кога државата за едни ќе биде мајка, а за други маќеа“.
Едно од прашањата е и дали е вистина дека одредени фирми добиваат милиони евра за концесија, а реалниот земјоделец само за да преживее.
Прашањата на Димитриевски ви ги пренесуваме интегрално во продолжение:
„Деновиве од многумина реални земјоделци во Македонија дојде барање до мене да во нивно име јавно поставам неколку прашања до Владата.
1. Дали е вистина дека во моментов реалната откупна цена на пченицата е 9,00 денари по кило а министерството за земјоделие ги задолжува концесионерите со обврска за концесија во износ од 17,81 денар по кило? (Доколку е точно како земјоделецот да преживее а камо ли да заработи?)
2. Бидејќи секојдневно слушаме дека се делат милионски суми за субвенции во земјоделието прашувам и барам од Владата јавно да го објави списокот на сите земјоделски концесионери со детална информација кој колку плаќа концесиски надомест за колкава земјоделска површина, колкаво производство има пријавено на годишно ниво и колку субвенција му била исплатена од државата.
3. ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА ПОЕДИНИ ФИРМИ ДОБИВААТ МИЛИОНСКИ СУМИ ВО ЕВРА ПО ОСНОВ НА КОНЦЕСИЈА ДОДЕКА РЕАЛНИОТ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ САМО ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ?
– До кога државата ќе биде за едни мајка а за други маќеа?“, праша Димитриевски.