Димитриевски: ДА за демократски протест, НЕ за насилство, конфликти и говор на омраза

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во однос на вчерашните протести апелира граѓаните да се воздржат од мавање врз службените лица.

Loading...

Како што вели тоа се истите лица што ја бранеа државата во 2001 година и во кумановско Диво Насеље.

Виновни се, вели, тие кои раководат и со погрешните политики ја урнисуваат Македонија.

„Не мавај, не фрлај по полицаецот, не е виновен тој, тоа се истите луѓе кои ја бранеа државата во 2001ва, во кумановско Диво Насеље и ако е потребно повторно ќе ја бранат. Виновни се тие кои раководат и со погрешните политики ја урнисуваат нашата Македонија и се однародуваат. ДА за демократски протест! НЕ за насилство, конфликти, говор на омраза и навреди на етничка основа! Ние единствено на овој свет се делиме на добри и лоши луѓе“, напиша Димитриевски на неговата официјална Фејсбук страница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Формирана е 54та Општинска организација на Движење ЗНАМ во Теарце