Димитриевски: Да се водиме по божјите правила и да се почитуваме и сакаме взаемно (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Да се водиме по божјите правила и да се почитуваме и сакаме взаемно“, е пораката што денеска од градскиот плоштад ја упати градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски до граѓаните по повод празниците Бадник и Божиќ.

Loading...

– Најпрвин сакам во оваа прилика да им го честитам големиот христијански празник и Бадник и Божиќ кој што претстои. Посакувам здравје, среќа и успех во секој дом. Да се водиме по божјите правила и да се почитуваме и сакаме взаемно, да си ги простуваме гревовите и само заедништвото и солидарноста може да не извади во овие тешки моменти на социо-економската криза. Македонскиот народ бил пред големи искушенија во историјата и секогаш наоѓал начин како заедно да продолжи понатаму да ги помине тие предизвици и на крајот на излезе како победник. Нека оваа 2022 година биде година на едно национално обединување на Македонците и взаемно почитување на сите народи кои живеат на овие наши македонски и балкански простори.

 

Никола Ивановски