Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, им упати честитка на припадниците на Армијата на Република Македонија и на сите граѓани по повод 18 Август – Денот на Армијата.
– Со гордост и благодарност ја одбележуваме годишнината на нашата Армија – симбол на сигурност, стабилност и независност на државата. Вашата посветеност, дисциплина и пожртвуваност во заштита на територијалниот интегритет и мирот претставуваат силна поддршка за сите граѓани, истакна Димитриевски во честитката.
Тој порача дека Општина Куманово ќе продолжи да ја поддржува мисијата на Армијата, со цел изградба на побезбедна и просперитетна држава.
– Чест и гордост е да се служи во Армијата на Република Македонија. Нека ни е вековит и честит овој значаен ден, додаде градоначалникот.
Никола Ивановски