Димитриевски: Бесплатен оброк за најранливите граѓани на Куманово

Сподели со своите пријатели

Најранливите граѓани на Куманово ќе добиваат бесплатен оброк преку проектот „Народна кујна“, објави градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

– Со бесплатен оброк за ранливи категории на граѓани и целосно бесплатен јавен превоз за СИТЕ граѓани потврдуваме дека наш главен приоритет се граѓаните на Куманово! Започнавме со реализација на мерката – остварување на право на народна кујна, за определени ранливи категории на граѓани на општина Куманово, вели градоначалникот.

Вкупно 73 граѓани засега можат да го остварат правото на користење на бесплатен оброк  кои обезбедиле уредна документација и се пријавиле за оваа мерка.

 

 

Димитриевски вели дека потенцијалот е значително поголем и повикува ранливите категории граѓани да се јават во општината и да им биде овозможено користење на оваа мерка.

– Затоа апелираме до сите ранливи категории на граѓани кои имаат потреба и ги исполнуваат условите да се пријават на Jавниот повик за остварување на право на народна кујна, кој е објавен на официјална веб страна на Општината и ќе трае до крајот на 2024 година, додава Димитриевски.

Loading...

Оние кои веќе аплицирале со уредна документација бесплатниот оброк можат да го подигнат во   просториите на  Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“во период од 10:00 до 12:00 часот.

Општина Куманово за оваа мерка има издвоено 5.400.000 денари.

– Продолжуваме од граѓаните за граѓаните, порача градоначалникот.

Деталниот повик за аплицирање е достапен ТУКА.

 

Никола Ивановски