Димитриевски: Апелирам до граѓаните да не го исфрлаат отпадот непрописно (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово денеска се приклучи во еколошката акција ГЕНЕРАЛКА викенд во рамките на проектот „Зелена сончева“, под мотото – „За чисто како дома исто“. Во оваа акција, исто така се приклучија и Секторот за комунални работи, инфрастуктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата, ЈП „Чистота и зеленило“- Куманово, припадници на АРМ како и НВО „Кумановски акцијаши”.

Loading...

 

 

Градоначалникот Максим Димитриевски во изјава за медиумите изрази задоволство од одзивот на граѓани кои се приклучија во еколошката акција.

„Мило ми е што постои колективна свест за овој проблем којшто го имаме во градот. За жал, имаме над 70 вакви локации на територија на нашата општина, дури во секое поголемо или помало село, урбаните и рурални делови на градот се создаваат диви депонии. Оваа локација којашто денеска ја чистиме заедно со сите активисти, со помош на Армијата , невладиниот сектор, ЈП „Чистота и зеленило“ и сите останати волонтери е чистена досега пет пати во рамки на мојот мандат. Апелирам до граѓаните и ги молам да не го исфрлаат отпадот непрописно. Имаме јавно претпријатие, доколку има потреба ќе се јават таму и во секој момент можеме да доставиме голем контејнер за габаритен отпад, за градежен шут. Дополнително повикувам да се придржуваат до законот за комунална хигиена и чистота бидејќи на овој начин се уништуваме самите себеси“, потенцираше Димитриевски.

 

Loading...

 

Димитриевски се заблагодари и на медиумите кои го проследија настанот и изјави дека денешната акција нема да биде последна.

„Ова нема да биде последна акција. Ова е една иницијална каписла, што сакаме во текот на годината да се обидеме максимално да го расчистиме, но и озелениме градот. Работиме со скромни средства, имаме предвидено во рамки на годишната програма за работа ставка за расчистување на дивите депонии и дополнително ставка за чистење на речното корито. Ќе чекаме водостојот на речното корито да се намали за да може да влезат градежните машини и оперативата да бидат исчистени. Дополнително, додека чистиме на оваа локација на градскиот кеј, ќе се чисти дивата депонија кај маркетот Туш и дополнително и локацијата на регионалниот пат кај поранешниот ресторан “Лапунте”, иако не е под надлежност на општината. Бидејќи јавното претпријатие за државни патишта не ги одржува регионалните патишта соодветно, ќе мораме да интервенираме и таму. Но, пак ќе повторам, никогаш не можеме да исчистиме толку колку што самите можеме да уништиме и загадиме. Токму затоа, апелирам до сите да не го изнесуваат и депонираат комуналниот отпад на диви депонии, туку да се придржуваат до законот“, рече Димитриевски.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Leave a Reply