Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, информира дека активно се работи на реконструкција на Градскиот парк во Куманово.
„Изведувачите се на терен и работата се одвива согласно предвидената динамика. Наскоро Куманово ќе добие простор за спорт и рекреација според современи стандарди, смарт парк со модерни содржини каков што заслужува наше Куманово!“, вели Димитриевски.