ДИК ги обработи скоро сите гласови: Гласале скоро половина од граѓаните!

Сподели со своите пријатели

Државната изборна комисија во текот на ноќта ги обработила скоро сите гласови од вчерашниот прв круг на претседателски избори.

Loading...

Според нивните 99,85 отсто обработени гласови, официјален победник е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова која освоила 40,08 отсто од вкупниот број гласови.

За неа гласале вкупно 362.682 гласачи.

Актуелниот претседател Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ, освоил 19,93 отсто од гласовите, односно вкупно за него гласале 180.306 луѓе.

Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги мерат силите и во вториот круг, кога ќе се одржат паралелно и парламентарните избори.

 

 

Loading...

На трето место е Бујар Османи од ДУИ, за кого гласале 120.903 граѓани, односно 13,36 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вчера 968 сообраќајни прекршоци, 636 за брзо возење

Потоа следува Максим Димитриевски од Движење ЗНАМ – За наша Македонија, за кого гласале 83.787 гласачи, односно вкупно 9,26 отсто од граѓаните.

Тука некаде е и кандидатот на албанската опозиција ВЛЕН, Арбен Таравари кој освоил 9,21 отсто од гласовите, односно за него гласале 83.356 гласачи.

За кандидатката на Левица, Билјана Вакновска гласале 41.172 гласачи, односно 4,55 отсто од гласовите заминале на најзино конто.

Најлош резултат остварил Стевчо Јакимовски од ГРОМ за кого гласале 0,9 отсто од вкупниот број гласачи, односно само 8.103 граѓани.

 

 

Loading...

На вчерашните избори гласале вкупно 904.892 граѓани од вкупно 1.814.317 со право на глас, што е излезност од 49,95 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бендевска до СДСМ: Вашите штабови се како археолошки напуштени музеи

Бројот на неважечки ливчиња изнесува 24.549.

Никола Ивановски