Државната изборна комисија од денес започнува да го „чешла“ Избирачкиот список на терен со цел проверка на сите спорни гласачи кои се појавија по вкрестените проверки.
На теренска проверка подложни ќе бидат 89.383 спорни гласачи, од ДИК велат дека постои можност податоцит еза спорните гласачи да бидат обајевни јавно со цел граѓаните да видат дали ќе бидат дел од теренската проверка која ќе следува,
Инаку најпрвин се шпекулираше со бројките на спорните гласачи, откако првин се споменуваа околу половина милион, па 300.000, па 100 илјади, ДИК ја намали нивната бројка откако беа споредувани податоците на околу 10 бази на податоци на државни институции во Република Македонија, при што се покажа дека скоро 90 илјади гласачи, односно нивните податоци се спорни и сомнителни.