ДИК: 51 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ, 49 пратеници за СДСМ

Сподели со своите пријатели

Државната изборна комисија дури вечерва во 21:30 часот на прес конференција ја објави првичната симулација на мандатите на новите пратеници.

Според неофицијалните прелиминарни распределби од втората изборна единица ВМРО-ДПМНЕ освоиле 9 мандати, СДСМ 8, ДУИ 2, а БЕСА 1.

Во новата Влада, со 51 пратеник влегува ВМРО-ДПМНЕ, со 49 СДСМ, со 10 ДУИ, 5 за БЕСА, Алајианса на Албанците осовила 3, а ДПА 2.