Диетата 5:2 помага во намалувањето килограми: Се слабее на здрав начин, а ова е клучната работа!

Сподели со своите пријатели

Мајкл Мосели го искористил своето знаење за диетите за да создаде комплетно нов пристап во исхраната што може брзо да ги намали маснотиите околу половината, да ублажи умерено или да изгуби драстична тежина.

Loading...

Оваа диета од 5 спрема 2 е наменета за оние кои сакаат да ослабат, но тоа да го направат на здрав и едноставен, а во исто време и вкусен начин.

Исхрана 5 спрема 2 се базира на принципот на т.н. диета „ intermittent fasting”.

 

 

Нејзиниот попрецизен опис би бил „повремено ограничување на калории“, бидејќи она што се прави во е да се намалат калориите два дена во неделата, но драматично.

Диетата од 5 спрема 2 вклучува здрава исхрана пет дена во неделата, проследена со драстично намалување на калориите до околу 800 дневно во преостанатите два дена.

Loading...

Во текот на неделата, при диетата 5 : 2 е дозволено да се јаде нормално 5 дена, се разбира не повеќе од 2.000 калории за жени и 2.400 за мажи, дневно, а за 2 дена износот на внесот на калории треба остро да се намали на 500 за жени и 600 за мажи.

Значи, ова не е диета која забранува храна, туку го намалува внесот на калории во телото два дена во неделата.

 

 

Може да се каже дека ова е еден вид пост, кој го стимулира телото да го разреши согорувањето на маснотиите и ја стимулира работата на мрзливите клетки. За повеќето луѓе, ова е прифатлив компромис бидејќи овозможува дружење, семејни вечери и оброци на работа, а во исто време е многу корисно за здравјето и видливо губење килограми.

Колку килограми ќе изгубите со оваа диета?

Одговорот на ова прашање, како и секогаш, зависи од неколку фактори (почетна тежина, возраст, ниво на активност, здравствена состојба), но кога зборуваме за просек – може да се каже дека просечната загуба е од 4 до 6 кг месечно. Изгледа малку? Погледнете го менито и ќе ви биде јасно дека не губите ништо и тежината ја нема. Убаво, нели?

Loading...

 

 

Пример за мени за еден посен ден

Појадок: Овесна каша со сушено овошје или коцка крем сирење со мисиркини гради, или шејк од јагоди.

Ручек: Капри салата (зелена салата, домат, ротквица, млад кромид, овчо сирење, маслиново масло неколку капки) со модар патлиџан, или супа од сирење и пржени ореви, или зеленчук подготвен во вок со пилешки гради со кари, или туна печена во фолија со салата од домати и лук.

Вечера: Палента со овчо сирење или мусака од тиквички и кафеав ориз.

Пред да започнете со оваа диета, задолжително консултирајте се со вашиот лекар и не правете ништо сами.

Loading...