Диета за почетници: Како да ги изгубите килограмите за 30 дена?

Сподели со своите пријатели

Денес ве запознаваме со диетата „30 дена“. Оваа диета се заснова на елиминација на слатки, лиснати теста, тестенини, алкохол и индустриски преработена храна.

Loading...

Целта на диетата од 30 дена е да се елиминираат шеќерот, брашното, индустриски преработената храна и алкохолот од исхраната цели 30 дена, како што сугерира нејзиното име.

 

 

Овој план на исхрана е создаден во 2009 година, а го создале Мелиса Хартвинг Урбан и Далас Харвинг. Целта на оваа диета не е губење на тежината, туку ресетирање на диетата, но и чистење на организмот од „брза храна“.

„Во текот на 30 дена, ќе видите што се подобрува кога ќе отстраните потенцијално проблематична храна од вашата диета“, објаснува Хартвинг Урбан, истакнувајќи дека многумина гледаат подобрувања во зголемената енергија, подобро спиење, расположение, концентрација, подобро варење, издржливост и така натаму. Покрај тоа, креаторите на оваа диета тврдат дека овој начин на јадење може да ги намали егземата, мигрена, астма и алергии, пишува Everydayhealth.com.

“По триесет дена, можете внимателно да ја воведете храната од која сте се откажале, а врз основа на тоа да видите што сакате, а што не. Како таа храна влијае на вашето физичко и ментално здравје”, велат креаторите на оваа диета.

Loading...

Оваа диета ја препорачуваат повеќето лекари, но креаторите на оваа диета наведуваат дека би било добро да се консултирате со вашиот лекар пред диетата бидејќи не е секое тело исто. Ако вашиот лекар ја одобри оваа диета, нема други пречки за оваа диета.

 

 

Што можеме да јадеме за време на диетата „30 дена“?

Сите видови зеленчук, вклучително и компири

Овошје (сите видови)

Морска храна како риба, ракчиња и школки

Месо: говедско, пилешко, свинско (но не пржено, туку печено и варено)

Loading...

Ореви и семиња

Јајца

Маслиново и кокосово масло

Црно кафе

Што не треба да се јаде за време на диетата „30 дена“?

Млеко

Житарки (пченка, ориз, пченица)

Додавање шеќер

Мешунки (грав, леќа, грашок, соја)

Loading...

Алкохол

Тестенини

Леб

Обработени адитиви

Помфрит и чипс

 

Loading...

 

Што да очекувате?

Оваа програма е тешка од повеќе причини: треба да подготвите и планирате храна однапред; програмата е строга, затоа мора да внимавате да не го прекршите правилото, во спротивно започнувате од почеток; здравата храна е поскапа, затоа бидете подготвени да ги почувствувате во вашиот џеб сите „придобивки“ од оваа диета.

Пример за мени:

1 ДЕН

Појадок: Кајгана со спанаќ или блитва

Ручек: Салата која се состои од туна, кромид и зелена салата.

Loading...

Вечера: Риба и тиквички на скара

2 ДЕН

Појадок: варено пилешко со зеленчук на скара

Ручек: Пилешки батак и варен компир

Вечера: Салата од рендан целер, јаболка, моркови и ореви.

 

Loading...

 

3 ДЕН

Појадок: 2 варени јајца и свеж зеленчук како што се пиперки, домати, итн.

Ручек: пилешка салата

Вечера: карфиол и варено говедско месо

Иако оваа диета е тешка и напорна само имајте на ум дека ќе го исчистите вашето тело од токсини, дека ова не е „трајно“ и дека ќе се вратите на вообичаената диета по 30 дена. Слабеењето е нешто што не е загарантирано, но тоа го подразбира овој начин на јадење.

Loading...

Од друга страна, креаторите на оваа диета тврдат дека оваа диета го рестартира вашето тело, нудејќи ви здравје.