Диета со компир – 2 кг за 3 дена

Сподели со своите пријатели

Важно: зеленчукот и овошјето не ги лупете и користете само интегрални видови на леб.

Во продолжение за ручекот имате избор од две салати со компир. Може да се одлучите само за еден предлог и да го конзумирате до крајот на диетата или да го менувате изборот секој ден.

ПОЈАДОК

1 парче црн тост

млечен намаз со помалку масти

2 домати или две краставици

ЗАКУСКА

свежи ротквици

РУЧЕК

Предлог бр 1 – Компир салата:

– 200гр сварени компири исечени на кругови

– 100гр домати исечени на кругови

– Салатата прелијте ја со 4 лажици супа измешана со лажица јаболков оцет,

малку сецкан лук, малку сол и бибер по вкус.

Предлог бр 2 – Чинија со компир:

200гр компири излупете ги и исечете на четвртини

2 млад кромид исечкан на кругови

1 лажица масло

Состојките испржете ги во тава и зачинете

ЗАКУСКА

1 рендано јаболко

150gr јогурт со мала масленост

засладувач по вкус

ВЕЧЕРА

200гр излупен компир сечен на кругови

1 лажиче масло

Компирот се пече во рерна околу 40 минути на 200 степени

во тавче чиј долен дел сте го обложиле со хартија за печење.