Дезинсекција против крлежи неделава во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дезинсекција против крлежи во четврток и петок во 05:00 часот ќе биде изведена на територијата на Општина Куманово, информираат денеска надлежните.

Целта на третманот е спречување на ширење на заразни болести, каде како вектори се јавуваат истите.

– Со овој третман ќе бидат опфатени јавно-прометни зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, плоштадот и парковите, информираат од локалната самоуправа.

Третираните површини ќе бидат видно одбележени и не се препорачува престој на површините како за луѓе, така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Активно се работи на изградба на дел од булеварот „Октомвриска револуција“ (ФОТО)

Доколку временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден.

Никола Ивановски