Дезинсекција против крлежи и ларви на комарци во Куманово

Сподели со своите пријатели

На 28 и 29 април (вторник и среда) на подрачјето на градот Куманово ќе се изврши дезинсекција против крлежи.

Целта на третманот е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.

– Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени јавните зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови. Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот, информираат од Општина Куманово.

Доколку,временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден.

Исто така во овие денови (28.04.2020 и 29.04.2020) на територијата на Општина Куманово ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција, која има за цел уништување на ларвите на комарците.

Ова е втор третман за оваа година, кој ќе се врши на стоечки води (бари покрај реки, непроточни потоци) во општината.

Никола Ивановски

Leave a Reply