Девојки се маскирале во мажи, отишле да гледаат дерби па завршиле во затвор (фото)

Сподели со своите пријатели

Во Иран биле приведени осум девојки затоа што маскирани во мажи отишле на стадион да гледаат фудбалски натпревар.

Според тамошните закони, на жените не им е дозволено да присуствуваат на спортски натпреварувања на стадиони, а овие девојки се обиделе да го заобиколат оваа правило. Тие го гледале натрпеварот Естеглал и Персополис на 12 февруари на стадионот во Техеран, се фотографирале и сега се соочуваат со последиците.

Освен што им е забрането да посетуваат стадиони, законот во Иран на дамите им забранува и возење велосипед во јавноста.

Врховниот лидер Али Хаменеи неодамна издал фатва дека припадничките на понежниот пол не смеат да возат велосипед, затоа што така го привлекуваат вниманието на мажите.

https://twitter.com/toohashie/status/831434421479694336

Loading...