Шминкерката на TikTok покажа неочекуван симптом на ковид вирусот на усните.
Шминкерката Ејвори Андерсон има четири милиони прегледи на видеото во кое покажа што направи ковидот на нејзините усни!
Ејвери го доби делта вирусот и симптомите беа најизразени на нејзините усни. Прво ја сменија бојата и почнаа да се лупат, а потоа за малку ќе поцрнеа!
“Кога го добив делта вирусот, моите усни беа целосно суви и почнаа да се лупат. Отидов на лекар и добив погрешна дијагноза за бактериска инфекција и лековите само ја влошија мојата состојба. Завршив во собата за итни случаи и правилно утврдија дека имам габична инфекција. Внимавајте, ова е навистина одвратно “, рече таа.
Симптомите на коронавирус се се повеќе различни, а има и такви кои се појавуваат на неочекувани места, како што се усните или усната шуплина, во зависност од кое ткиво го напаѓа вирусот.
Вака изгледаше Ејвори пред корона …
„Во коментарите, ме прашуваат дали ја сакам скарата, луѓе, ова навистина не е смешно“, вели Ејвери, на која видно и е тешко да зборува затоа што ја излупила кожата од усните. Во друго видео, Ејвори објасни дека нормално има проблеми со кожата, и дека редовно посетува дерматолог. Поради нарушувањето што го има, кожата на усните често и е сува и испукана.
@averyanderson18♬ original sound – 😚