15-годишно девојче од бразилската престолнина Сао Паоло починало од срцев удар додека имало односи со маж (26) во неговиот автомобил, соопшти полицијата.
Габриели Диксон починала во четвртокот вечерта откако била примена во болница во градот Кубатао, пренесува Daily Mail.
Мажот и рекол на полицијата дека тој и Диксон имале односи во неговиот автомобил кога таа се онесвестила, објавија локалните медиуми.
Возрасната граница за влегување во врска во Бразил е 14 години, а човекот кој бил со неа во автомобилот во моментот на нејзината смрт, не е обвинет за никакво кривично дело.
Тој рече дека усните и кожата и побелеле, а рацете и се превртиле наопаку.
Мажот го однел девојчето без свест во болница, каде лекарите се обиделе да ја оживеат. За жал, таа била прогласена за мртва во 13:20 часот.
Според надлежните, медицинските сестри кои ја лекувале Диксон пронашле крв во нејзиниот полов орган.
Воената полиција ја посети болницата откако се појавија сомневањата дека девојчето е претепано, но медицинските сестри отфрлија знаци на насилство.
Локалните медиуми објавија дека семејството на девојчето не знаело за нејзината врска со мажот и не е сигурно дали страдала од некаква болест.
Причината за смртта на девојчето се уште не е позната.
– Полициската станица Кубатао побара форензички прегледи, а случајот е регистриран како сомнителна смрт – се наведува во соопштението на Министерството за Кубата.